Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

17-годишниот Ѓорѓи Николовски го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Бог се јави, навистина се јави! Седумнаесет годишниот Ѓорги Николовски беше најсреќениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бог се јави, навистина се јави! Седумнаесет годишниот Ѓорги Николовски беше најсреќениот од стотината учесници кои се фрлија по крстот во главниот град. Го извелече од водите на реката Вардар, иако прв пат учествува на настанот. Порача дека Господ е голем и посака семакедонско обединување.

  • „Сите да имаат единство, да се обедини Македонија и македонскиот народ и се најдобро“ – Порача Ѓорги Николовски.

Тој беше даруван од архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – г.г. Стефан, од градоначалничката на Скопје и од повеќе поддржувачи на манифестацијата, кои му посакаа добро здравје и многу успеси.

На положувањето на чесниот крст му претходеше литија во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“.

Реклама

Верниците од главниот град од рано изутрината се упатија во црвата Пресвета Богородица за денешната литургија. Иако во помал број веројатно поради продолжениот викенд, сепак, многумина дојдоа да запалат свеќа и да се помолат.

Годинава во Скопје беа пријавени 157 верници, кои влегоа во водите на Вардар. Пред да си ја пробаат среќата, пред камерата на Алфа посакаа здравје, среќа и мир за сите.

Не беше лесно да се плива во надојдениот Вардар. Водата им отежна на учесниците, а спасувачките екипи имаа полни раце работа – извлекуваа неколкумина со чамци и јажиња од водата.

Православните верници на овој ден се поздравуваат со Бог се јави, навистина се јави. Во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година.

Никола Цветкоски