Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

15 обвинители, 34 обвинети, илјадници докази, стотици сведоци – следната среда почнува судењето за Кочани

Истрагата за полициските службеници во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за полициските службеници во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која требаше да заврши до крајот на септември, е продолжена поради потреба од сослушување на дополнителни сведоци. Државниот обвинител Љупчо Коцевски вели дека најверојатно на почетокот на наредниот месец обвинението ќе биде готово.

За трагедијата во Кочани има уште една предистражна постапка која ја води Обвинителството во Кочани против вработени во УЈП.

Главниот процес во кој 34 луѓе и 3 фирми се обвинети за „тешки дела против општата сигурност“ ќе започне следната недела.

Реклама

15 обвинители, вклучувајќи и дополнително ангажирани, ќе треба да ја докажат вината.

Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега, меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок, најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме имајќи предвид, да не се отежне односно да не се наруши постапката на другите обвинители, што имаат други предмети, што значи дека можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители, меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката или да не се одлага по, да не речам, вина на обвинителството“, изјави Коцевски.

Во најновиот извештај на Европската Комисија за напредокот Македонија, трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ е наведена како пример за системски слабости во институциите. Од Брисел укажуваат дека случајот разоткрил недостатоци во институционалниот надзор, сомнежи за корупција и недоволна координација меѓу надлежните органи.

Европската Комисија оценува дека истрагата и судската постапка треба да се спроведат транспарентно и непристрасно, бидејќи тоа ќе биде тест за правосудниот систем и за довербата на граѓаните во институциите.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи кон крајот на минатата година, зад себе остави  63 човечки жртви и сериозни повреди кај повеќе луѓе.