Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

15 илјади работници во угостителството останале без работа за неполн месец

Дури 60% од вработените во угостителството или 15 илјади луѓе останале без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дури 60% од вработените во угостителството или 15 илјади луѓе останале без работа за помалку од еден месец. Во секторот продолжуваат секојдневно да се делат откази. Дури 80% од компаниите немаат пари за да им поделат плати на работниците. Од здружението Еснаф велат со уредба на владата не работат воопшто, прометот е нула, исто и приходите, а истовремено треба да одвојат пари за плати, кирии, комуналии, давачки и други трошоци. Помошта не била целосна. Економските мерки што ги предвиде Владата не можеле да им помогнат и за нив немало воопшто да аплицираат.

Микро и малите бизниси кои бројат 80% од сите компании во земјава се први на удар на коронакризата – алармираат од нивното здружение. Немаат работа, па велат принудени се да отпуштаат вработени. Не се задоволни од вториот сет мерки на Владата. Оние што земале субвенции за исплата на кадарот во минатото, сега не можеле да аплицираат за државна помош. Бараат 100 отсто покривање на бруто платите на работниците за април, мај и јуни, со можност за продолжување до крајот на епидемијата. Предупредуваат дека ако Владата остане глува за нивните барања, бројот на луѓе што ќе добијат отказ ќе биде драстично поголем.

Ако се реализираат најцрните сценарија, десетици илјади работници ќе останат на улица – алармираа и од текстилните фабрики. Голем дел од нив, веќе почнаа со делење откази. Европските пазари се затворени, порачки нема, производството трпи. Велат кредитите нема да им помогнат да застанат на нозе. Додека бизнисмените се жалат, за власта тоа не е драматично. Драстични отпуштања на работници немало – уверуваше техничкиот премиер Спасовски.

Реклама

Тања Попова