Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Триесетгодишнината од геноцидот во Сребреница одбележана и во Скопје

Триесет години по еден од најголемите геноциди во Европа по Втората светска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет години по еден од најголемите геноциди во Европа по Втората светска војна  кој се случи во Сребреница. На жртвите и годинива почит им оддаде и Македонија со марш и комеморација во Чаир. Присутните со порака никогаш да не се заборави злосторството. Во трагедијата која остави црна дамка во светската историја, животот го загубија повеќе од 8000 босански муслимани, меѓу кои и голем број деца.

„Меѓу убиените околу 600 се жени и девојчиња, најстарата жртва е жена Шаха Измирлиќ 94 години, а најмладата новороденче фатима мухиќ по чии посмртни остатоци се траеше 18 години“, изјави Селма Ризвановиќ Мандал, претставникот на Бошњачкиот Национален Сојуз.

Нека овој момент послужи како јасен повик за совест за секој од нас. Да не останеме рамнодушни, пред неправдата. Да не дозволуваме искривување на историјата и во секое време и околност да застанеме храбро за оние кои бараат правда и човечко достоинство“, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Реклама

Меѓу присутните беа и групации од невладиниот сектор, кои порача дека Сребреницата треба да биде порака за иднината за сите.

Нека Сребреница ни биде поука за иднината, нека Сребреница не се повтори“, изјави Изет Абабачиќ од невладиниот сектор.

Мора младите да ги учиме да се почитуваат пред се себе си, своите обичаи, свои традиции, својот народ, а со самото тоа и сите останати народи“, изјави Хилда Трпјани – наставник

И од Владата одаддоа почит на сите невини жртви со порака дека дека Сребреница останува траен потсетник на обврската за зачувањето на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност. И лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче оддаде почит и порачува дека ова злосторство засекогаш ќе остане предупредување за светот.

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска се одбележа 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. На комеморацијата се погребани посмртните останки на седум жртви, кои беа пронајдени на различни локации, меѓу нив беа две 19-годишни момчиња – најмладите меѓу погребаните.