Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека вчера попладне избувнал шумски пожар на подрачјето на Националниот парк „Ловиште Јасен“. Пожарот беше ставен под контрола благодарение на вработените од „Јасен“, а ер-тракторите на ДЗС и полициските хеликоптери денеска го изгаснаа.