Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Поранешен возач на екс – премиерот Заев уапсен затоа што намерно сакал да подметне пожар кај Струмица

Човекот кој порано го рзвозувал Зоран Заев додека бил градоначалник на Струмица,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Човекот кој порано го рзвозувал Зоран Заев додека бил градоначалник на Струмица, фатен на дело како со запален факел од хартија и текстил се обидува да подметне голем пожар. Вработениот во општина Струмица со иницијали А.Н. со лисици на рацете беше однесен во Основното обвинителство во Струмица, кадешто даваше исказ.

Тој се сомничи дека намерно сакал да подметне пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица кој потоа би се прораширил по околните шуми и со тоа би предизвикал општа опасност кај населението. Доцна попладне јавен обвинител од Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши тешки дела против општата сигурност.

Имено осомничениот вчера попладне преку социјална мрежа се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, а потоа се обидел заканите да ги реализира. На локацијата брана Водоча, се обидел да подметне пожар и да предизвика голема матрејална штета.

Реклама

Со запален факел од хартија и текстил ги запалил гредите на настрешницата кои започнале да чадат и горат. Со тоа предизвикал ризик од пожар не само на објектот, туку и на повеќе други викенд куќи и на нискостеблеста и вискостеблеста вегатација.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори, односно да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притворе , се вели во соопштението кое доцна попладне го објави Основното јавно обвинителство.

Според неофицијални информации, човекот кој е уапсен и е вработен во општина Струмица бил еден од шоферите кои го развозувале експремиерот Зоран Заев додека бил градоначалник на Струмица. Освен на Заев, бил шофер и на неговиот братучед Трајче Заев.

По објавата дека е уапсен експресно со реакција се јави и самиот Заев. Тој тврди дека тој човек работи во општината , но како портир и вооедно демантира дека му бил нему шофер или на било кој од неговото семејство.