Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 „Македонско село“ повторно блесна – нов туристички бисер кај Скопје

Комплексот Македонско село во подножјето на Водно, го враќа својот сјај. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комплексот Македонско село во подножјето на Водно, го враќа својот сјај. Од запуштено, руинирано, заборавено место, овој комплекс ги отвори вратите за посетителите. Целта на владата е да го претвори комплексот во едно автентично туристичко место кое повторно ќе биде ставено на мапата за туристички дестинации за домашните, но и за странски туристи.

„Ни се пружи прилика, да го возобновиме македонското село и да ја вратиме автентичноста на комплексот која што ја изгубивме во последните седум години“, изјави

„Со отворањето на портите на овој комплекс ќе се овозможи додатна туристичка дестинација за градот, зголемен број на туристи, отворање на нови работни места“, изјави Ивица Томовски директор на СОЗР.

Реклама

Комплексот ќе биде значаен и за градот Скопје и за Македонија. Тој го претставува индентитот и културата на Македонија. За оние кои не се во можност да патуваат со автомобил, до селото во моментов има обезбеден автобуски превоз кој е многу редок, но Томовски очекува по локалните избори и смената на Арсовска, автобусите да бидат редовни, а превозот подобро организиран.

„Автобуски превоз има, но многу е редок, се надевам со доаѓање на нов градоначалник на град Скопје ќе има почесто редовни линии, за да можат туристите и граѓаните од град Скопје да дојдат и да го посетат местото, бидејќи со овој сегашен градоначалник немаме баш разбирање во поглед се што значи држава и државност“, изјави Ивица Томовски директор на СОЗР

Со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во главниот град, туку и воопшто во земјава. Селото има 12 куќарки, кои ја раскажуваат многувековната култура и историја. Во просториите се претставени и македонските занаети, а делови  се користат и како хотелски соби. Има и ресторански дел во кој гостите ќе можат да ги вкусат традиционаните македонски јадења и специјалитети.