Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Љутков: СДСМ може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Криминалниот ум криминално размислува! Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалниот ум криминално размислува! Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на поранешниот министер за култура и туризам Зоран Љутков.

Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028. Денес јавноста има право да постави неколку едноставни прашања:

Како дојдовте до сумата од 150 милиони евра?

Реклама

На што се темелеше таа финансиска проценка?

Од кои извори требаше да се обезбедат средствата?

Каде конкретно требаше да бидат инвестирани тие 150 милиони евра?

Дали Владата донесе одлука со која ги обезбеди тие средства или стануваше збор за политичко ветување без финансиска подлога?

Па вие и Брисел го излажавте како што денес пробувате да ја иманипулилирате јавноста.

Моравме да патуваме неколку пати во Брисел да ја спасуваме титулата!

Тоа се прашања на кои јавноста заслужува одговор.

За време на вашиот мандат не видовме капитални културни проекти што ќе останат како трајна вредност. Наместо конкретни резултати, останаа големи ветувања и многу политички изјави.

Ако денес зборувате за транспарентност, тогаш одговорете и јавноста и на следниве прашања: како беа избрани фирмите и невладините во самата апликација и како беа избрани надворешните соработници вклучени во подготовката на апликацијата за Скопје 2028? Кои беа критериумите? Како беше обезбедена транспарентноста на целиот процес? Тоа се легитимни прашања што заслужуваат јасни одговори.

Наместо да ја напаѓате сегашната работа, соочете се со сопствениот мандат. Граѓаните најдобро знаат да ја препознаат разликата меѓу големите ветувања и реалните резултати.

И уште нешто – колку и да го оспорувате, Скопје 2014 денес е една од најпосетуваните туристички атракции во главниот град. За тоа зборуваат посетителите и туристичкиот интерес, а не политичките квалификации.