Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Јавното комунално претпријатие Брегалница уреди нови цветни паркови во Делчево

Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ денеска успешно ја заврши акцијата за уредување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ денеска успешно ја заврши акцијата за уредување на две јавни парцели на територијата на Делчево, кои добија целосно нов и разубавен изглед со засадување сезонско цвеќе и уредување со декоративен камен.

Како што информираат од претпријатието, активностите се дел од континуираните заложби за подобрување на урбаното зеленило и создавање поубаво, почисто и попријатно опкружување за граѓаните.

-Со внимателен избор на сезонски насади и детално уредување, двете парцели се претворија во освежени зелени катчиња кои значително го подобруваат изгледот на просторот, истакнаа од ЈКП Брегалница. 

Реклама

Изразија искрена благодарност до вработените во Секторот „Паркови и зеленило“, кои со високо ниво на посветеност и професионалност ја реализираа акцијата.

-Посебна благодарност упатуваме до раководителката Розета Цонева, која заедно со својот тим даде значаен придонес во уредувањето на парцелите. Исто така голема благодарност и до Општина Делчево и градоначалникот Иван Гоцевски за континуираната поддршка, не само во оваа активност, туку и во останатите сегменти од работењето на претпријатието, додадоа од делчевското комунално претпријатие.

Од ЈКП Брегалница најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со слични активности, со цел создавање поуредено и поубаво Делчево, во интерес на сите граѓани.