Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Јаревски: Пет квартали по ред бележиме економски раст, капиталните инвестиции даваат резултати

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на телевизија „Алфа“ истакна дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на телевизија „Алфа“ истакна дека актуелната власт успеала да го запре, како што рече, „падот на државата“ и веќе ги дава првите резултати преку реализација на капитални проекти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Јаревски, граѓаните имаат можност транспарентно да ја следат реализацијата на проектите преку новиот портал каде во реално време може да се видат капиталните инвестиции, динамиката на реализација и потрошените средства.

„Сведоци сме на една искрена и чесна генерација на политичари коишто успеаја да го запрат падот на државата, а може веќе да ги видиме првите резултати со динамичната и посветена реализација на проектите, можеме да го отвориме и новиот портал што беше промовиран пред десетина дена каде буквално секој капитален проект, динамиката на неговата реализација, средствата што се потрошени во реално време може да се следи, во моментот течат повеќе од 1150 проекти во локалната самоуправа, каде граѓаните можат на најдиректен начин да ги видат, од првиот и од вториот повик. Првиот повик е веќе близу деведесет и некој процент, вториот повик осумдесет и четири проценти од проектите веќе во поодмината фаза каде што се извршени проектите, спроведени постапките за тендерирање, воведени во работа“, вели Јаревски.

Реклама

Тој оцени дека динамиката на реализација е задоволителна и дека тоа веќе дава резултати во економијата. Во однос на задолжувањето, Јаревски посочи дека не е проблем државата да зема кредити доколку тие средства се користат за развојни проекти. Притоа, тој ја критикуваше претходната власт, обвинувајќи ја дека ја задолжила државата без реализација на значајни проекти и без напредок кај инфраструктурните зафати.

„Има динамика која што е задоволителна и тоа си дава резултати, не е ништо страшно да се влезе во процесот да се земе кредит со цел да се реализира нешто тоа е впрочем во секој буџет си има дефиниран дефицит што се финансира од дома а што од задолжување, и никогаш не е проблем доколку развојот на државата го надмине задолжувањето. И тоа е клучната разлика во однос на периодите со СДС. Тие успеаја во нивниот период да не задолжат повеќе од сите генерации наназад, сетете се барем на 5 проекти кои оставиле силно значење, или еве дури и тие што ги отпочнаа стоеја така,  немаше движење на автопатите, имаше нерешени имотно правни спорови, недефинирана траса итн.“, рече Јаревски и додаде:

„За разлика од нив сведоци сме на една динамика на реализација на истите, не е ни чудо што веќе последователно 5 квартали имаме еден сериозен степен на раст, минатата година завршивме со 3,5% со сите потешкотии од опкружувањето.  Ќе продолжиме уште по посветено, по динамично со цел да надополниме она што беше испуштено претходно“.