Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Јаневска: Вештачката интелигенција е дел од образованието, но улогата на наставниот кадар е незаменлива

Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е таа да се запре, туку човекот да го има последниот збор. Во образованието, наша задача е да поставиме рамки и начини на нејзина употреба. Нив ги определуваме со Националната стратегијата за образование 2026–2032 и повеќе други документи, со кои целиме кон создавање дигитално зрело образовно опкружување, коешто ќе им овозможи на младите одговорно и креативно да ги користат новите технологии, во функција на личниот раст, граѓанскиот ангажман и општествениот напредок.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на панел-дискусија на Машинскиот факултет во Скопје на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“, се наведува во соопштението ан Министерството за образование и наука. 

-Стратешкиот пристап на Владата е целосно во согласност со последните заклучоци на Советот на ЕУ, од мај 2026, кои се однесуваат на релацијата образование – вештачка интелигенција и бараат етички, безбеден и човечки центриран пристап кон оваа технолошка иновација, рече Јаневска, нагласувајќи дека со нејзиното воведување, улогата на наставниот кадар станува уште посуштинска.

Реклама

-Вештачката интелигенција може да објасни, но не и да му пријде на студентот со емпатија. Може да сумира содржина, но не и да види дека студентот е збунет со сумирањето. Не може да види каде греши и зошто. Така што, таа не може да го замени професорот кој го води студентот низ студиската програма. Интеракцијата професор – студент гради знаење, вештини, вредности и карактер на студентот, рече министерката.

Говорејќи за преземените чекори во насока на имплементирање на вештачката интелигенција во образовниот систем, Јаневска потенцираше дека министерството има одлична соработка со високообразовните институции со чија поддршка е изработен Водич за примена на вештачката интелигенција и организирани се обуки за наставниците во основните и средните училишта.

Нагласи дека е важно младите да бидат дигитално писмени и особено да ја разбираат суштината и правилно да ја применуваат технологијата.

-Компаниите бараат дипломирани студенти кои се технички писмени за вештачка интелигенција и имаат знаења во одреден домен. И потребни им се истовремено и научно ориентирани кадри, но и високообразовани професионалци. Затоа со новиот Закон за високо образование воведуваме концепт на дуално образование, како модел на студирање во кој се интегрира академската настава со практична обука во компанија, со цел студентите да стекнат знаења и професионални вештини потребни на пазарот на трудот, меѓу кои и дигиталните, додаде министерката.

Панел-дискусијата е дел од дводневна меѓународна конференција посветена на градење синергија за креирање иновативни решенија во процесот на дигитална трансформација, што ја организираат Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Асоцијацијата на европски професори по индустриско инженерство и менаџмент.