Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Јаневска: Предлог-законот за високото образование не дозволува вонредно студирање на дел од регулираните професии

На дел од регулираните професии законот не дозволува вонредно студирање и тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На дел од регулираните професии законот не дозволува вонредно студирање и тоа е во правец на јавниот интерес на државата. Не се дозволува вонредно студирање на Медицинскиот факултет, што и досега е така, но отсега и на наставничките факултети. Тоа е од јавен интерес, тие студии да се модернизираат, да се зајакнат, за да може во иднина да добиеме подобар производ, не последен на ПИСА, туку ученици што ќе се придвижат нагоре на рангирањето на знаењето – истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во гостувањето на утринската програма на ТВ „Алфа“, наведува МОН. 

– Многу нешта променивме од стариот закон. Секогаш почнувам од грижата за студентите. Додадовме неколку значајни елементи, кои ним им се многу важни. Дадовме предност при вработување на оние студенти што ќе се вратат од студиите на првите 100 светски универзитети, на студентите добитници на „Инженерски прстен“ и на најдобрите 10 студенти на универзитетите. Го продолживме нивниот мандат од една на две години во сите тела на факултетите и универзитетите. Дозволивме нивно вработување на проекти и одредивме колку е минимумот што ќе го добиваат како демонстратори. Сметам дека ова е многу значајно и реакциите се многу позитивни – изјави Јаневска додавајќи дека со предлог-законот за високото образование, за кој јавната расправа почнува денеска на Универзитетот „Мајка Тереза“, се предвидуваат и измени што се однесуваат на организацијата на универзитетите, критериумите за избор во звања.

Таа истакна дека во овој момент се дискутираат критериумите за избор во наставно-научните звања и дека има промени со тоа што се бара повеќе научна работа со објавување научни трудови во бази на научни трудови, како што се Web of science и Scopus.

Реклама

– Дополнително на тоа, бараме и цитираност на овие нивни дела на научноистражувачкиот потенцијал на универзитетите. Законот јасно бара интернационализација на факултетите, поврзување со други, тие може да одлучат со кои, но препорачливо е тоа да е во европскиот простор, да формираат или да организираат заедничка настава во правец на двојни дипломи и многу други промени, структурни промени, кои сметаме дека ќе придонесат за раст на квалитетот во високото образование – истакна министерката.

Јаневска нагласи дека Министерството „не смее и не може да се меша во студиските програми, тука доаѓа до израз студентската автономија, но законот бара и да се модернизираат студиските програми“.

– Го менуваме моделот, законот бара модуларност во студирањето, што значи ќе треба нови студиски програми, и со самото тоа што ги зајакнуваме критериумите за избор во звања, очекуваме наставно-научниот кадар малку повеќе да се занимава со наука и тоа знаење да им го пренесе и на студентите – рече министерката.

Посочи дека во минатото имало закон во кој повеќе се барало од наставниците и тогаш нашите универзитети станувале повидливи.

– Потоа доаѓа еден друг закон, кој драстично ги намалува критериумите, и евидентен е падот на рејтингот на нашите универзитети. Сега повторно очекуваме тој да се поткрене. Нашите научници, нашите универзитети, кои навистина ги има добри и кои без обврска објавуваат во значајни бази на списанија, треба да станат повидливи, треба да станат препознати во светот, нашите универзитети да нудат квалитет и да станат повидливи, со тоа да привлекуваат повеќе студенти, вклучително и странски. Вмрежувањето на наши со други странски универзитети исто така ќе ги направи универзитетите и наставно-научниот кадар повидливи, а студентите од тоа секако ќе имаат бенефит затоа што ќе има размена на искуства. Оттука, дефинитивно очекуваме рејтингот на нашите универзитети по извесен број години да се подобри – изјави министерката Јаневска.