Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени

Нема потреба законот да се повлече затоа што секое повлекување и одложување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема потреба законот да се повлече затоа што секое повлекување и одложување на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи на штета на студентите и на младите луѓе и, генерално, на целата држава – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали предложениеот закон за високо образование ќе се повлече за доработка.

Како што рече, нема толку многу забелешки од сите универзитети, дека одреден број се повторуваат и оти оние за кои професорите имаат право, ќе бидат коригирани. Посочи на некои за кои веќе има согласност да се изменат.

– На пример, во законот стои дека пред одбрана на магистерскиот труд кандидатот треба да има објавено еден труд во Web of Science. Откако аргументирано поразговаравме дека можеби и нема да има време за такво нешто, тоа ќе биде повлечено. За одбрана на докторски труд се бараше три труда да бидат објавени во списание со импакт-фактор, повторно сметајќи на времето, напорот што треба докторандот да го вложи, заклучивме дека и со два труда е сосема во ред. Веќе тргнал во научното истражување, во зваењето и е сосема во ред да го одбрани докторскиот труд, а потоа да продолжи понатаму со својата кариера – изјави Јаневска, која денеска го посети Саемот на образование и кариера. 

Реклама

Од приватните универзитети, рече, имало забелешки за висината на гаранцијата.

– Оваа нацрт-верзија вели дека гаранцијата треба да е 100 проценти, а имаме пропуштено дека може да дадат и хипотека. Гаранцијата ќе ја сведеме разумно на 70 проценти и ќе дозволиме како гаранција да дадат и хипотека. Во одредени членови од законот навистина има пропуштено и треба да се допрецизираат, но во иста смисла, да не се менува суштината. На пример, до кога ќе трае акредитацијата, за тоа што ќе се случува при новата акредитација итн. Тоа се разумни барања и сите до едно ќе бидат прифатени. Но другите, кои се дискутабилни и за кои разни професори поинаку мислат, работната група ќе се состане уште колку и да треба и ќе се донесат одлуки. Потоа законот повторно ќе биде на ЕНЕР, но тогаш веќе не очекувам забелешки и ќе оди во владина процедура – рече Јаневска.

На прашањето што ќе биде со студентите и професорите од приватните универзитети по новината во законот дека тие ќе немаат правни студии (исто како што нема да се дозволува приватни студии  на наставничките факултети и за медицина), министерката одговори дека за тие студенти „нема никаква опасност и ќе си ги завршат студиите според акредитацијата по која ги почнале“.

– Доколку некој од нив сака да се префрли на државните, и тоа ќе им биде овозможено, така што тука нема потреба од никакви стравувања. Во однос на професорите – кога се вработуваме во приватни компании и на приватни универзитети, ние знаеме дека постојат секакви ризици. Да беше сè како што треба, нашите приватни факултети постојат повеќе од 20 години, и да не се случуваа нелегалности во одредени, не велам во сите универзитети, немаше да дојде прашањето за одземање на нивните акредитации. Но со оглед на тоа колку е лоша ситуацијата и во високото образование, државата е должна да преземе активности во нејзина корист и во корист на младите луѓе – истакна Јаневска.