Реклама

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Економија

Јовановиќ: Вработените во УЈП имаат со закон загарантирано право на штрајк, државата да го одврзе ќесето

Доколку УЈП престане целосно со работа, а царина ги спушти рампите тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку УЈП престане целосно со работа, а царина ги спушти рампите тоа би значело дека нема да има исплата на плати во цела држава, наплата на придонеси и даноци, прибирање средства во Буџетот по основ на казни и давачи, нема да има наплата на царини. Министерот за финансии тврди, согласно закон не можело да се стопира исплата на плата, но синдикатот и експертите го демантираа – не постои таков закон. Правото на штрајк е загарантирано со устав. Се зависи од УЈП како ќе се одлучат да го спроведат штрајкот . Според експертите последиците ќе бидат неизбежни  и по Буџетот и по целата држава ама на краток рок .

Нема една дефиниција што значи штрајк. Се зависи од тоа што ќе сакаат да работат службениците во УЈП, тоа ќе значи дека ако тие сакаат да прекинат целосно со работа тоа би значело дека нема да има исплата на плати во државата , нема да може да се исплати легално . Ако УЈП сака да направи вистински штрајк, апсолутно може тоа да го направи и тоа е апсолутно легитимно средство , и УЈП се во право , Поентата на штрајкот е да покаже дека не се работите како што треба во државата, да блокирате дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите. , вели Бранимир Јовановиќ економски истражувач и професор.

Владата одбива да ги зголеми платите иако колективниот договор е на сила, што им дава на работниците  легитимно право да покренат тужба. Тоа што Владата не сака да си ги исполни законските обврски е многу поголем ризик и може да има поголеми фискални импликации од самиот штрајк. Според Јовановиќ, пари во Буџетот има, само потребна е политичка волја.

Реклама

Да де нема право на автентично толкување на платите за функционерите, а кога треба да се покачат платите на работниците, тогаш се наоѓаат или автентични толкувања или методологија -тоа се само изговори . Не може обичните работници да не добиваат покачување на плати кога имаме инфлација од 25 отсто во овие две години, а самите државни функционери си ги покачија платите од 78 отсто, не е праведно и не е економски издржано. Буџетот е повисок од минатата година . Една милијарда и нешто се вкупните плати на сите службеници од 5 милијарди колку што тежи Буџетот . Најдоа една милијарда за сите други работи, а не можат да најдат 100, 200 илјади колку што се потребни за покачување на платите на работниците . Апсолутно тоа не е издржано . Државата никогаш нема пари но може да ги најде, проблемот е отсуство на политичка волја .

Кон крајот на следната недела ќе се знае дали помирувачот- професор Лазар Јовески ќе успее да ги доближи ставовите помеѓу УЈП и Владата. Првите најави од  Јовески не се многу оптимистички. Економско- социјалниот совет ќе седне повторно на маса за колективните договори во четврток и овој пат ќе може да го следи целата јавност .  Владините министри ќе понудат зголемување на платите не за 5 како до сегашната понуда туку за 2 и пол години .

Кристина Алексиеска