Реклама

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

Економија

Јануарските сметки за струја предизвикаа шок кај граѓаните

Финиот пи-ар на владата дека нема да има промена на сметките за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финиот пи-ар на владата дека нема да има промена на сметките за струја годинава пукнаа како балон со првите јануарски сметки кои ги добиваат граѓаните. Наместо поевтини или исти износи, како што ветуваше премиерот и министрите, новите сметки се повисоки за дури 500 до 1000 денари. Сумите се баснословни, пред се поради воведувањето на блок тарифите. Дел од граѓаните кои пак сеуште не ја добиле сметката, не ни очекуваа дека ќе има поевтинување.

Пред Новата Година, власта тврдеше дека кај 99 отсто од населението ќе имало  намалување на сумите, што во реалноста се покажа како грешка. Јануарските сметки се повисоки бидејќи вклучуваат поскапо ДДВ за 5 отсто од предходниот месец, но и поради воведувањето на 4-те блока за наплата. Студеното време ги натера граѓаните да трошат повеќе со што повеќето влегоа во поскапите 3-ти и 4-ти блок.  Но и покрај високите сметки, Владата не планира да го врати ДДВ- то назад оти пресметале дека по први јули дополнително ќе се намелеле сметките. 

-Владата е насочена на мерки со кои ќе им се излезе во пресрет на  граѓаните, а една од таквите мерки е да се продолжи со 10 проценти ДДВ имајќи предвид дека од 1 јули согласно производството на ЕСМ и движењата на цените на берзите  и подготовката што ја направи државата ќе има дополнително намалување на цената на струјата, рече Бектеши.

Реклама

Пи-арот на Владата тврди и дека енергетскиот систем е стабилен. Директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски за успех посочи тоа што усепале да го поправат третиот блок на РЕК Битола, кој само што проработе, се расипа и не функционерише дваесетина дена.

ЕСМ речиси секојдневно, пак , објавува дека домашното производство е на рекордно ниво, а сепак се случи да повлечеме струја од европската мрежа – објаснувањето за ова беше дека било за да биде системот стабилен оти температурите биле многу ниски.

Кристина Алексиеска