Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Јаневска: Децата се на прво место при оптимизацијата во образованието, не е отпуштен од работа ниеден наставник

Има аналитички преглед на мрежата на основните училишта и тој утре ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има аналитички преглед на мрежата на основните училишта и тој утре ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука. Анализата е правена од стручните служби на МОН, но во соработка со наши странски партнери. Заводот за статистика вели дека во седумте години владење на СДСМ и ДУИ, дури 17.000 ученици ја напуштиле оваа земја. Кога зборуваме за оптимизација, важно е сите да разберат, особено родителите, дека не се на прво место наставниците и училиштата, на прво место се децата – рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на неколку прашања од пратеникот Благој Бочварски од СДСМ во врска со измените на законите за основно и средно образование.

Децата што живеат во едно село и се три на број и се во три одделенија, посочи Јаневска, ниту може да се социјализираат, ниту може да добијат квалитетна настава, ниту може да добијат нешто од новата технологија, ниту ќе се натпреваруваат со своите другарчиња, потребно е да бидат во соодветна средина.

– Ниеден наставник во овие две години не е отпуштен од работа. Ги направиме кариерни советници, им даваме можност за асистенти за деца со посебни потреби, им даваме можност часовите што им недостигаат да ги сработат, дали сакаат општествено корисна работа, клубови, оркестри, дополнителна работа, хорови, драмски секции, работа со талентирани ученици и со тие што заостануваат во напредокот во учењето. Сето тоа треба да се менаџира и Министерството заедно со Бирото за развој на образованието постојано работи на тоа. Нема градоначалник што не е примен, нема училиште на кое не му е понудена помош. Имаме проекти во 10-15 училишта за да им го организираме распоредот за сите наставници да бидат ефикасни во својата работа, за нашите деца да не бидат последни на ПИСА. За ова се бори оваа Влада. Ниеден наставник не изгубил работа – рече Јаневска на седницата за пратенички прашања.

Реклама

Таа појасни дека дозволила паралелки од три и пет ученици таму каде што е потребно и дека станува збор за распоред што треба да се направи за да се добие ефикасно и квалитетно образование. Има план, нагласи министерката, за тоа што ќе се случува со наставниците, според кој во четиригодишен период со природно нивно одлевање, нивно одење во пензија, без да сметаме дека некој ќе се отсели, некој ќе се разболи, би требало да постигнеме оптимална бројка.

– Не дека не водиме сметка за тоа. Учениците треба да бидат повеќе во училиште, но и наставниците. Од 6.816 часа треба да стигнеме 7.775 часа, што е просек, а можеме и малку повеќе затоа што тестирањата покажуваат дека знаењето на нашите деца е далеку под просекот. Треба да се преуреди начинот на кој работат училиштата. Не централизираме, само правиме анализи и соодветен распоред. Овој пат МОН и стручната служба одобруваат паралелки со помал број ученици. Во 2025/2026 година имаме 172.412 ученици, предвидувањата за 2029/2030 се 158.043 – истакна Јаневска.

– Проблемот ќе го решаваме во следните четири години, сите заедно треба да го решаваме. Спонтано се затворија 124 училишта, нема деца во некои села – додаде Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање на Бочварски.