Реклама

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Македонија

Јаневска: Без ангажман на родителите нема ефикасна борба против врсничкото насилство

Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред едукативниот панел за родители и старатели на ученици на тема врсничко насилство, што денеска се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во општина Гази Баба.

– Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата – рече Јаневска, додавајќи дека без ангажирање на родителите, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство е неефикасна.

Министерката посочи дека токму затоа, на национално ниво се иницирани директни средби со родителите на децата и наставниците, каква што е денешната. Целта е отворено да се предочат проблемите, да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат семејствата и училиштата, како и да се разменат идеи и иницијативи за заедничко делување против врсничкото насилство.

Реклама

Најави одлучност во справување со злото што возрасните им го наметнуваат на децата и ригорозен системски одговор.

– Одговорност мора да има и за родителите. Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата – најави таа.

Во моментов, во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште.

Министерството за образование и наука минатата година подготви и реализираше сет мерки за справување со врсничкото насилство. Со законски измени ги задолжи училиштата во годишните програми за работа да предвидат активности за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слично.

– Беа изработени прирачници за наставници за справување со врсничко физичко насилство во училишта и за пријавување на сајбер насилство. Стручните служби во училиштата беа зајакнати со ангажирање на кадар онаму каде недостигаше, и беа вратени дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и во училишните дворови – стои во соопштението од МОН.

Оттаму дополнуваат дека средбите со родителите ќе продолжат, а продолжуваат и обуките за стручните соработници за препознавање на семејно насилство преку однесувањето на децата на училиште и за спречување на понатамошно трансформирање во врсничко.

Досега се реализирани обуки за стручни соработници од 30-тина општини во Македонија, во соработка со Комората на психолози, МВР и Министерството за социјална политика.