Реклама

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Македонија

Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на улицата Орце Николов

Општина Центар континуирано работи на одржување на јавните површини, зеленилото и инфраструктурата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар континуирано работи на одржување на јавните површини, зеленилото и инфраструктурата за вода, со посебен фокус на летниот период. Од вкупно 11 јавни чешмички, кои се под надлежност на Општината, девет се целосно функционални, а на преостанатите две се санираат дефекти.

Во рамките на овие активности, како што информираат од Општина Центар, се поставува нова чешмичка на улицата Орце Николов, која претходно не беше во функција поради дефект и беше исклучена поради поплавување на околниот простор.

– Нашата цел е водата за пиење да биде достапна за граѓаните во овој жежок период, зеленилото редовно да се полева и да се одржува и да се обезбеди уредна хигиена. Старите чешмички делумно ги заменивме со нови, иноксни, а имавме и неколку состаноци со ЈП „Водовод и канализација“. Поставени се и водомери на нив, како што беше побарано од Општината, со цел да обезбедиме нивно непречено функционирање – истакна градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Реклама

Во изминатиот период Општината замени седум стари чешмички со нови иноксни, со модерен дизајн.

Истовремено, редовно се одржуваат и системите за автоматско наводнување, а дефектите кои се појавуваат на дневна основа редовно се санираат од страна на надлежните служби.

За одржување и санирање на оваа инфраструктура, од предвидениот буџет во висина од три милиони денари, досега се исплатени 998.752 денари.