Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорче Петров со втора компилација за своето музичко наследство

Со објавувањето на втората компилациска плоча „Welcome to Ѓорче Петров“, заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со објавувањето на втората компилациска плоча „Welcome to Ѓорче Петров“, заедно со минатогодишната „This Is Gjorce Petrov, Not Skopje!“, се заокружува проектот за систематско документирање и архивирање на музичкото минато на Ѓорче Петров.

Со овие две изданија, Ѓорче Петров стана првата општина во Македонија со две официјални компилациски плочи посветени исклучиво на сопственото музичко наследство.

На компилациите се застапени околу 25 бендови, чии снимки претставуваат автентичен звучен документ за различни периоди од развојот на локалната урбана сцена.

Реклама

Проектот е резултат на долгогодишната истражувачка и архивска работа на Тошо Филиповски, познат познавач на домашната алтернативна сцена, благодарение на кого е создадена значајна звучна архива од локалната музичка историја.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во континуитет дава поддршка на иницијативи што ја афирмираат домашната уметничка сцена и локалните автори, а Општината се вбројува меѓу ретките локални самоуправи кои системски ги поддржуваат ваквите културни процеси.

Најавено е дека проектот ќе продолжи со нова компилација што ќе го опфати периодот 2000–2010 година.