Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје

Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе им го промени секојдневието на илјадници граѓани што го користат јавниот превоз, објави на „Фејсбук“ скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

–   Почитувани скопјани, кај мене дадениот збор е обврска, а не само формалност пред избори. Затоа со огромна одговорност ви ја соопштувам веста што значи нов почеток за нашиот град. Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што им го должиме на нашите деца и идните генерации. Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови – пишува Ѓорѓиевски во објавата.

Со ова тој очекува да се надмине долгогодишниот проблем со јавниот превоз во Скопје.

Реклама

– Свесен за тежината на предизвиците ја прифатив оваа одговорност за да им погледнеме на проблемите во очи и заедно да ги решиме. И резултатите веќе се видливи. За неполни три месеци од преземањето на функцијата почнавме процеси што долго биле закочени, до крајот на годинава пристигнуваат новите возила за „Комунална хигиена“, а набавката на нови автобуси ќе почне. Ве уверувам, пред нас се тектонски промени на подобро. Скопје повторно ќе стане град со кој се гордееме, град со достоинство, ред и визија. Од срце и искрено му благодарам на премиерот Христијан Мицкоски за безрезервната поддршка и за посветеноста кон граѓаните каква што одамна не сме виделе. Во услови на тежок колапс во кој го наследивме Скопје, без неговата поддршка ништо од ова немаше да биде возможно. Мои скопјани, повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро. Тоа подобро заедно ќе го живееме! – наведува градоначалникот Ѓорѓиевски.