Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк

Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк – напиша утрово скопскиот градоначалник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк – напиша утрово скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Тој појасни дека денеска бил посетен од страна на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“. Градоначалникот истакна дека станува збор за млади талентирани музичари, кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија.

– Тие се огромна гордост за сите скопјани, но и вистински амбасадори на Македонија, на македонската музика, култура и традиција. За нивната посветеност говорат многуте хуманитарни концерти, како и освоените први награди за најдобар средношколски оркестар во Македонија. Круна на нивниот досегашен успех е освоеното прво место со почесни заслуги – First prize with honors, на Меѓународниот натпревар во Њујорк, каде што се претставија со репертоар целосно заснован на македонската народна музика. Со ова големо признание оркестарот доби и официјална покана за концертни настапи во престижни сали во Њујорк, САД, на 5 и 6 септември оваа година – се додава во објавата на социјалната мрежа.

Реклама

Градоначалникот нагласи дека ова е успех на кој сите треба да се гордееме.

– Градот Скопје и јас како градоначалник ќе бидеме нивна силна поддршка во остварувањето на овој голем сон. Нивниот настап во Њујорк ќе биде радост и гордост за Скопје и за цела Македонија. Дечки, продолжете храбро и достоинствено. Претставувајте ги Македонија, македонската песна и нашата богата традиција во најдобро светло. Исклучително се гордееме на вас – порача Ѓорѓиевски.