Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Ѓоко Велковски ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади

Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. 

Со преземањето на функцијата, како што информираат од Министерството, се обезбедува институционален континуитет во работењето на Министерството и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областа на социјалната политика, демографијата и младите.

Министерот Велковски, кој досега ја извршуваше функцијата заменик-министер, во изминатиот период активно учествуваше во креирањето и реализацијата на програмските активности и политиките на Министерството. Неговото досегашно искуство и непосредната вклученост во работата на институцијата претставуваат значајна основа за продолжување на почнатите процеси и за понатамошно ефикасно и одговорно функционирање на Министерството.

Реклама

Во соопштението се наведува дека Министерството за социјална политика, демографија и млади и во наредниот период ќе остане посветено на унапредување на системот на социјална заштита, јакнење на поддршката за семејствата, спроведување на мерките од областа на демографскиот развој и креирање политики што ќе обезбедат подобри услови и перспективи за младите.

– Работењето на Министерството ќе продолжи да се темели на принципите на законитост, професионалност, транспарентност и отчетност, со цел доследно остварување на јавниот интерес и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните – се посочува во соопштението.