Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев учествува на „Crossing Switzerland 400K“

Ултрамаратонецот, Тони Манев од Штип утринава во Швајцарија го започна својот најголем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ултрамаратонецот, Тони Манев од Штип утринава во Швајцарија го започна својот најголем предзвик. Манев во 8 часот ја почна „Crossing Switzerland 400K“ или екстремната ултра-трка која води од Лихтенштајн до Франција, поминувајќи низ Алпите.

Штипскиот ултрамаратонец Манев треба да помине 400 километри, со 25.000 метри висинско искачување, траса што важи за една од најтешките и бара исклучителна физичка и психичка подготвеност. 

-Недела 08.00ч, старт на едно ново доживување, од Лихтенштајн до Франција, низ Швајцарските Алпи, 400 километри со 25.000 метри висинско искачување. Благодарност до Влатко Јакимов  и твоите емигранти благодарение на Ми60 најзаслужните што сум тука, и како по случајност уште еден емигрант Алекс Хадад човекот од Јужна Африка кој емигрирал во Швајцарија. Повторно заедно по 2 години по успешната Eiger 270k- напиша на фејсбук Манев.