Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата

– Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со Никол Варнс,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на САД, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда (МП) и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството.

На средбата, како што соопшти МП, се разговарало за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во правосудството, владеењето на правото, дигитализацијата на правосудниот систем, законодавната агенда и борбата против корупцијата. Министерот за правда Шасивари побарал во натамошниот период да се овозможи размена на искуства и експертска помош од САД во областа на кривичното законодавство.

Тој изразил благодарност за континуираната поддршка што САД ја обезбедуваат за Министерството за правда и за реформските процеси во државата нагласувајќи дека таа има значајна улога во зајакнувањето на институционалните капацитети, особено во борбата против транснационалниот организиран криминал, како и во унапредувањето на соработката меѓу домашните институции и меѓународните партнери.

Реклама

Во фокусот на разговорите биле и реформата на кривичното законодавство, која останува еден од стратешките приоритети на Министерството за правда. Во таа насока, било истакнато дека почнала реализацијата на проектот „Поддршка за спроведување на Националната стратегија за дроги во Македонија“, финансиран од Bureau of International Narcotics and Law Enforcement Affairs (INL) при Стејт департментот на САД.

На средбата била потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството преку нови заеднички проекти, експертска поддршка и размена на искуства во областите од заеднички интерес.

– Министерството за правда останува цврсто посветено на спроведувањето на реформите, зајакнувањето на владеењето на правото и исполнувањето на европските стандарди во интерес на граѓаните и на европската интеграција на државата – се додава во соопштението.