Реклама

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Македонија

Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Општина Чаир и оваа година го организираше Маршот на сеќавањето и церемонијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Чаир и оваа година го организираше Маршот на сеќавањето и церемонијата за оддавање почит по повод Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, продолжувајќи ја традицијата на оддавање почит на жртвите на една од најтрагичните случувања во современата европска историја.

Маршот започна од зградата на Општина Чаир и продолжи до Спомен-обележјето на Сребреница во Паркот Чаир, каде што се одржа централната комеморативна церемонија и беа положени венци со цвеќе во чест на жртвите од геноцидот.

На настанот присуствуваа заменик-претседателот на Владата Беким Сали, претседателот на Советот на Општина Чаир Мухамед Муртези, пратеничката Мерита Коџаџику, претставници на државни и локални институции, дипломатскиот кор, граѓански организации, како и голем број граѓани.

Реклама

Како што се наведува во соопштението, во своето обраќање, претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, истакна дека зачувувањето на сеќавањето на Сребреница е заедничка одговорност и дека оддавањето почит на жртвите претставува морална и институционална обврска, нагласувајќи дека историската меморија треба да остане дел од нашата колективна свест и од идните генерации.

– Општина Чаир и во иднина ќе продолжи традиционално да го одбележува овој ден, негувајќи го сеќавањето на жртвите од Сребреница и промовирајќи ги вредностите на достоинството, сеќавањето и почитта кон жртвите на геноцидот – посочуваат од Општината.