Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати

До 18:00 часот на  на територијата на државата се регистрирани 13 пожари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 18:00 часот на  на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 11 се изгаснати. Се уште активни се пожарите во општина Охрид кај селото Мешеишта каде гори ниска вегетација и во општина Велес покрај магистралниот пат Велес–Штип каде гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на Џиди Комерц, Визбегово, каде гореле ѓубре и сува трева;
општина Зелениково – с. Страхојадица, каде гореле шума, сува трева и ѓубре; општина Кисела Вода – населба Разадник, на ул. „Борис Трајковски“, каде горела ниска вегетација; општина Виница – с. Јакимово, каде горело ѓубре; општина Кочани – с. Долни Подлог, во двор на семејна куќа, каде горело ѓубре; општина Битола – с. Кукуречани, каде горело ѓубре; општина Долнени – с. Житоше, во близина на училиштето, каде горела ниска вегетација; општина Прилеп – месност „Три багреми“, каде гореле ниска вегетација и ѓубре; општина Ресен – с. Стење, каде горела ниска вегетација; општина Липково – с. Никуштак, каде горела ниска вегетација; и општина Старо Нагоричане – с. Ругинце, каде гореле ниска вегетација и стрниште.