Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Македонија

Цистерна со техничка вода за потребите на Гостиварската болница 

За задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Гостиварската болница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Гостиварската болница, обезбедена е вода од цистерни.

Од управата општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар, информираат дека од синоќа во кругот на болницата е поставена цистерна со вода. Возилото е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ – Тетово и ќе биде на располагање наредниов период.

-Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за хигиенско-техничките потреби, со цел да се обезбедат што подобри услови за непречено функционирање на болницата, наведуваат од болничката управа

Реклама

Вчера, директорот на болницата Емри Бајрами посочи дека за сите болнички одделенија е обезбедена флаширана вода за пиење, наменета за пациентите и на тој начин имаат пристап до безбедна вода за пиење.

По проблемите кои настанаа со загадувањето на водата во градскиот водовод, болницата се соочи со енормно зголемен број прегледи и наплив на пациенти. Директорот Бајрами нагласи дека персоналот е целосно посветен на надминување на актуелната состојба и продолжува со постојана комуникација и координација со надлежните институции, со цел обезбедување непречено функционирање на здравствените услуги и навремена грижа за пациентите.