Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Цените во светот паѓаат, кај нас продолжуваат да растат – поскапе свинското месо за 40 денари

Економските мерки се уште на „ ќе “ .   Додека граѓаните плаќаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економските мерки се уште на „ ќе “ .   Додека граѓаните плаќаат секој ден се поскапо , надлежниот министер само уверува дека ќе преземе нешто  , а што , како и од кога  не конкретизира.

Граѓаните велат не можат да издржат, ценовниот шок ги сроза.

Реклама

Бектеши секој ден добивал анализи од Пазарен, а целосната од инспекторатот ја чека следната недела. Но што велат анализите не кажува. Само најави дека ќе ги соопштеле следната недела. До тогаш Бесими ќе завршел со ребалансот, па ќе се смислеле и мерки кои најверојатно ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани.

-Маржите лесна работа е да се ограничат. Можеме сега да седнеме на  седница на Влада и да ги ограничиме. Но, ние сакаме дирекно да ги поддржиме ранливите категории на граѓани, затоа што поминавме тешка година, вели министерот за економија Крешник Бектеши

И додека надлежните калкулираат, анализираат и пресметуваат , граѓаните веќе добија нов удар .  Покрај тоа што се најавува млечна криза, свинското ,есо поскапе за 40 денари.  Според асоцијацијата на земјоделци нема никаква основа за тоа .

Кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов од Асоцијација на земјоделци

Цените нагло пораснаа во изминатиот период, а институциите не можат а се договорат кој треба да го открие кривецот .  Од комисијата за заштита на конкуренција побараа некој да поднел писмено сомневање за неетичко здружување на трговците за да можат да постапат, па вицепремиерот Битиќи рече тоа ќе го сторел лично, ама кога ќе се врател од службено патување .

Дополнителен удар за граѓаните ќе биде и поскапото ДДВ кое е дел од даночната реформа за над 1000 производи , за која Бектеши смета дека е време да се донесе за да биле солидарни кон сите граѓани .

Кристина Алексиеска