Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Цената на пелети е неодржлива, реагираат производителите

Над 40 илјади домаќинства кои се греат на пелети за два месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 40 илјади домаќинства кои се греат на пелети за два месеци од сега може да останат без енергенсот доколку остане владината мерка за ограничување на продажната цена.

Производителите и дистрибутерите на пелети се револтирани од мерката на владата за замрнување на цената бидејќи увозната цена ќе биде повисока од продажната. Со овие математики ќе бидат приморани да престанат да набавуваат, а со тоа и да работат. Ако се земе во предвид фактот дека од потребните 120.000 тони годишно, Македонија увезува дури 80 отсто, ако запре набавката ќе останеме без пелети.   Од Здружението на производители и дистрибутери на пелети бараат  е да се врати старата мерка, односно ограничување на 10 отсто на трговската маржа. 

Побарано е субвенционирање , не добивме feedback Солуцијата 10 отсто маржа би била најдобра така Владата ги штити граѓаните да нема прекумерна заработка, а во исто време дава можност да работиме бидејќи не знаеме како ќе се движат пазарите од каде набавуваме, вели Владимир Стојаноски – претседател на Здружение на производеители и дистрибутери на пелети „Биомак “.
Од екомонија се правдаат –  одлуката за замрзнување на цената на 27 илјади по тон , односно 27 денари по килограм биле земени во предвид податоците дека во Октомври набавката чинела 23 илјади по тон. Производителите реагираат дека ова е лажна слика затоа што е цена земена по просек. Македонските компании . Моментално  набавуваат од Турција каде цената се движи од 27 до 31 денар по килограм 

Реклама

Мојата порака до Владата е нека набават по таа цена ако можат, нека ја одредат маржата ние ќе оперираме да ја продадеме., вели Стојаноски.

Инаку,  Пелетите  од летото досега поскапеа за повеќе од 50 проценти.  Една вреќа моментално се продава и по 320 денари, додека во летниот период чинеше 190 денари. Владата за сега не размислува ни за субвенции за граѓаните кои се греат на пелети, а ниту пак за субвенции за зголемување на домашното производство.

Кристина Алексиеска