Се закануваше, ликуваше на смртта на великанот Гоце Тодоровски, им посака иста судбина да ги снајде новинарите и уредниците на Алфа, Богдан Илиевски и Коле Чашуле, за преку ноќ да изчезне. „Цандо Големиот“, псевдонимот под кој постеше профилот на социјалната мрежа „Х“, а беше близок на СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, сам се избришал откако неговите морбидни ставови станаа познати за пошироката јавност. „Цандо Големиот“ изчезна, но Филипче е уште тука.
Според аналитичарите, причината за ваквите закани не треба да се бара само кај лажните профили, туку за тоа треба да одговара Филипче и раководството на СДСМ. Новинарот Бранко Героски вели дека зачестените напади и навреди кон ТВ Алфа од нивна страна, автоматски произведуваат повици за ликвидација и директни закани по животот на новинари и вработени во нашиот медиум.
-Ја преломуваат да речам политиката на СДСМ, која е лузерска бидејќи да се повикува на смрт, на нешто да престане само од себе или да се нападне, тоа е одлика на една политика која кажува дека нема друг излез. Тоа е фрлање клетви, тоа е како баби на сред село кога седат и фрлаат клетви лево и десно, оговараат итн, изјави Героски.

Експертите сметаат дека не е доволно што „Цандо големиот“ се деактивираше како профил, потребно е да се активираат полицијата и Обвинителството, бидејќи има елементи за кривично дело за кое треба да се одговара. Героски вели дека ваквите постови потикнати од партиите, на социјалните мрежи стигнуваат речиси до секого, а тами има секаков профил на луѓе кои може на во тоа да најдат мотив да сторат нешто страшно.
-Во тој базен на луѓе вие имате и психопати, имате и бивши криминалци, имате и поранешни убијци, имате и сегашни убијци, имате потенцијални сторители на кривични дела и секој од нив би можел да се најде на некој начин во некои околности повикан да ги рализира заканите, мотивиран да преидзвика смрт на некои лица итн, изјави Героски.
Инаку „Цандо големиот“ пред да го деактивира својот профил, ликувајќи на смртта на актерот Гоце Тодоровоски и претходно на Ванчо Петрушевски, со фотографија на која се наоѓа и Илиевски, вели дека двајца починале, а останал уште еден, посакувајќи новинарот да го снајде иста судбинма. Истиот профил жали што пред девет години наводно Заев не дозволил да биде ликвидиран Коле Чашуле.
Матеја Петровски
