Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Хоџа: Со ребалансот на буџетот се предвидени 1,3 милијарда денари за исплата на субвенции за земјоделците

​ Ве охрабрувам да го изгласате овој ребаланс на буџет, бидејќи таму…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​ Ве охрабрувам да го изгласате овој ребаланс на буџет, бидејќи таму се предвидуваат и плаќањата за нашите земјоделци, порача од говорницата на македонското Собрание, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа, кој денеска одговараше на пратенички прашања поставени од пратеникот Борислав Крмов од Левица.

Пратеникот Крмов праша до каде е решавањето на проблемот со откупот на млекото во Пијанечко-малешевскиот регион и како ќе се реши проблемот со увозот на млеко и млеко во прав, со што се создава вишок на млеко и не може да се откупи домашното произвоство. Хоџа во својот одговор истакна дека околу 1,3 милијарди денари се плаќања коишто ќе се реализираат веднаш по изгласување на ребаланс на буџетот и како што рече „се однесуваат и со доставеното млеко и за регистрираните говеда и за други редовни работи“.

-​ Тоа што се однесува до цените од компаниите кои што се занимаваат со откуп на млеко, да ве информирам дека пред неколку дена поранешниот министер и актуелниот министер за здравство имаа средба со млекарниците и со компаниите кои што го прават откупот на млекото и добрата вест е тоа што постигнале предлог и решение што се однесува и за продажбата и на пласманот, за продажба на млекото надвор од државата. Имаат конкретен план околу ова. Исто така, имаме и конкретен план за откупната цена која што е моментална. Имаме план за кој што ќе бидете информирани многу брзо, вели Хоџа.

Реклама

​Тој истакна дека  Агенцијата за храна и ветеринарство работи во согласност со законите и при контролите, каде што има несогласување околу квалитетот или со декларација околу операторите, се преземаат мерките предвидени со закон.

Што се однесува за задоцнувањата за апликација за субвенција за сите земјоделци за 2026 година, Хоџа најави дека е направена надградба на софтверот. 

– Овој софтвер е помодерен и поунапреден и во петок е закажана обука за вработените во регионалните единици. Од понеделник ќе биде отворен системот за сите земјоделци, може да аплицираат за субвенција – вели Хоџа.

Пратеникот Крмов од Левица постави и прашање за доделување на концесиите за ловиштата и оти некои од нив се злоупотребуваат од дел од концесионерите и не се грижат за ловиштата. Хоџа одговори дека во претходниот период во областа на ловот и шумарството се преземени конкретни активности за подобрување и менаџирање на природните извори, зголемување на транспарентност, зајакнување на институционалните капацитети.

– Потпишани се нови договори за 13 региони со ловство. Инспекторатот за лов и шумарство е на терен и дејствува врз основа на сите претставки кои се доставени од граѓаните – рече Хоџа.