Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Хотелиерите во Охридско пред нов проблем, УНЕСКО не дозволува фотоволтаици на 50 метри до езерото

Хотелиерите од охридско струшкиот регион во небрано-сред сериозна енергетска криза кога им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хотелиерите од охридско струшкиот регион во небрано-сред сериозна енергетска криза кога им стигнуваат и десеткратно повисоките сметки за струја, не можат да инвестираат во поставување на фотоволтаични електрани. Иако тоа е единствениот начин да опстанат и да го ублажат енергетскот удар,безмалку сите хотели на ривиерата не можат да добијат градежна дозвола за монтирање на фотонапонски постројки бидејќи се наоѓаат на 50 метри од брегот- ги кочи ‘’Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион” кој градот го донесе под притисок на Унеско.

Зборуваме за објекти, кои имаат имотни листови, кои се изградени пред 50 години, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ

Сега треба да го менувам проектот, да биде 50 метри од езерото, одалечен првиот панел и тоа морам да го сменам, за добивање на градежна дозвола за поставување на панели.Тоа за мене е апсурдно,бидејки кровот ако течи, не смееш да го поправиш, треба да го оставиш да течи. Ние само ја менуваме бојата на кровот, ниту темели градиме, ниту објекти градиме, вели Перо Кутаноски-хотелиер.

Реклама

И инвеститорите домашни и странски кои имаат интерес да вложуваат во изградба на фотоволтаични електрани во охридско се откажуваат .

Поднесени се неколку иницијативи, но штом ќе добијат одобрение и ќе увидат колкав простор од парцелата можат да искористат,веднаш се откажуваат-велат од сектор за урбанизам.

Ние имавме случаи кога заинтересирани странки се јавуваат за информација дали за 10 хектари ќе се применува Планот за УНЕСКО, тоа значи ако инвеститорот купи 100 илјади м2 само на 40 илјади м2 може да постави фотонапонски панели, а на 60 илјади м2 не може ништо. Тука инвеститорите не гледаат економска исплатливост,не гледаат од тоа бенефит кај нас, вели Богдан Настески Герман-сектор за урбанизам

Со Законот за енергетика од  2019-та година на пазарот на енергетика можат да учестуваат физички и правни лица и таа можност до сега ја искористија многу инвеститори кои во Македонија изградија околу 200 фотоволтаични електрани,но не и во Охрид за да не биде Охрид единствениот град во државава кој е хендикепиран да го користи овој начин за снабдување со струја,гратските советници донесоа одлука со која од ’Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион” се изземаат парцели вон опфат на урбанистички план на кои би можело да се поставуват фотоволтаични системи,но тоа не важи за хотелите.

Росица Голабоска