Реклама

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Македонија

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на Ќафасан, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека граничната полиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека граничната полиција „постапила во согласност со законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин Ќафасан, каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки“.

На прес-конференција, на прашањето за случајот со двајцата пратеници и еден функционер на „Вреди“ на граничниот премин Ќафасан, објасни дека на граничниот премин се појавиле четворица граѓани, од кои тројца имале дипломатски пасоши.

– Три лица со дипломатски пасоши беа информирани дека може да го продолжат своето патување. Другото лице, кое беше во нивно друштво, имаше законски пречки на границата и не можеше да патува во Албанија – рече тој.

Реклама

Хита рече дека другите тројца граѓани одлучиле да не го продолжат своето патување и сите се вратиле во Македонија.

Според првиот човек на државната полиција, случајот не е изолиран, туку е дел од секојдневната работа на структурите на граничната полиција за гарантирање на спроведувањето на законот.

– Во текот на 2025 година идентификувани се 625 слични случаи, а само во првата половина од оваа година регистрирани се 425 случаи – рече тој.

Хита нагласи дека државната и граничната полиција остануваат гаранти на спроведувањето на законот и дека нема простор за загриженост во врска со извршувањето на нивните должности на граничните премини.