Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

УЈП одржа шест работилници за е-фактура со поголеми даночни обврзници

Управата за јавни приходи во текот на јуни одржа шест работилници за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи во текот на јуни одржа шест работилници за системот „Е-фактура“, на кои учествуваа 90-ина компании што ги администрира Дирекцијата за големи даночни обврзници. Работилниците беа организирани со цел компаниите да се запознаат со функционалностите на системот, процесот на негово користење и придобивките што ги носи дигитализацијата на фактурирањето – информира Управата за јавни приходи во соопштение.

Големите даночни обврзници ја прифатија поканата на УЈП активно да се вклучат во тестирањето на системот „Е-фактура“ и во соработка со даночните агенти на УЈП да придонесат за негово понатамошно унапредување и успешно имплементирање. На работилниците беше извршена практична презентација на системот „Е-фактураа“, при што беше демонстриран целиот процес на изготвување електронска фактура преку веб-апликацијата – од нејзино креирање до конечна обработка и испраќање. Дополнително беа прикажани и другите функционалности на системот, вклучително издавање, прием, прифаќање, одбивање, сторнирање и преземање електронски фактури.

Претставниците на УЈП посебен акцент ставија на даночните индикатори, кои ќе претставуваат составен елемент на електронските фактури и ќе служат како основа за правилно утврдување на даночниот третман на прометот. Даночните индикатори се дефинирани во согласност со одредбите од Законот за данок на додадената вредност и овозможуваат јасно означување дали прометот е оданочив со општа или повластена даночна стапка, дали е ослободен од ДДВ со или без право на одбивка на претходен данок, дали не е предмет на оданочување со ДДВ или, пак, подлежи на примена на механизмот за пренесување на даночната обврска (Reverse Charge). Тест-фазата континуирано се надградува со нови функционалности.

Реклама

Во моментот се достапни 12 даночни индикатори и повеќе типови документи, а развојот на системот продолжува со воведување дополнителни типови документи и функционалности во согласност со динамиката на проектот. Преку директна комуникација со стручните тимови на УЈП учесниците имаа можност да добијат одговори на прашањата поврзани со имплементацијата, техничките аспекти и тестирањето на системот. Присутните компании покажаа подготвеност активно да се вклучат во тест-периодот и преку практична примена на системот да придонесат со свои предлози, забелешки и сугестии за негово понатамошно унапредување. Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да го искористат тест-периодот и активно да ги тестираат функционалностите на системот „Е-фактура“. Повратните информации од корисниците ќе имаат значајна улога во понатамошниот развој и оптимизација на системот, со цел негово успешно, ефикасно и навремено воведување, како и обезбедување современо, едноставно и сигурно електронско фактурирање.