Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Свет

Училиштата во Франција вратија дома десетици девојчиња облечени во муслиманска облека

Француската влада минатиот месец забрани оваа муслиманска облека да се носи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Француската влада минатиот месец забрани оваа муслиманска облека да се носи во училиштата, велејќи дека таа ги прекршува правилата на секуларизам во образованието. Од 2004 година, пак, со закон е забрането носењето шамија во државните училишта

На првиот ден од учебната година, француските училишта испратија дома десетици девојчиња откако тие одбија да ги соблечат абаите – традиционална муслиманска облека што го покрива телото од рамениците до стапаллата.

За ова информира францускиот министер за образование Габриел Атал, велејќи дека во понеделникот наутро речиси 300 девојчиња се појавиле во училиштата облечени во абаи и покрај забраната за оваа облека во образовните институции што ја донесе владата на Франција минатиот месец.

Повеќето од девојчињата, како што изјави министерот, се согласиле да се пресоблечат, но 67 од нив одбиле да го сторат тоа, по што биле испратени дома. Би-би-си пренесува дека сега би следел период на дијалог со нивните семејства на оваа тема, а ако тоа не ги разубеди да ја носат оваа облека во училиштата, ќе бидат исклучени.

Реклама

Француската влада минатиот месец забрани оваа муслиманска облека да се носи во училиштата, велејќи дека таа ги прекршува правилата на секуларизам во образованието. Од 2004 година, пак, со закон е забрането носењето шамија во државните француски училишта.

Франција има строга забрана за верски знаци во државните училишта и владините згради, тврдејќи дека тие ги прекршуваат секуларните закони.