Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Утре седница на ЕСС, мерките за цените на храната и горивата не се на дневен ред, но не е исклучено да се разговара и за тоа

Утре треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утре треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, сепак, како што рече денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески, не е исклучено за тоа да се разговара.

– За утре е предвиден Економско-социјален совет на кој ќе бидат разгледувани неколку точки. Една од точките е донесување годишна програма за работа на ЕСС, а од страна на Министерството за образование ќе биде презентиран новиот закон за високо образование. Ќе има уште неколку точки, истакна Ристески.

На новинарско прашање дали може да се очекуваат утре некакви мерки поврзани со цените на храната и горивата и дали ќе се разговара за тоа, Ристески одговори дека од она што го видел како дневен ред, нема таква точка.

Реклама
null

-Од она што видов како дневен ред, нема таква точка, меѓутоа не е исклучено. Секогаш Економско-социјалниот совет е отворен. Ако некој предложи таква точка, тогаш се гласа, се прифаќа и се дискутира за точката. Транспарентноста на Владата е на највисоко ниво. На секој Економско-социјален совет учествуваат најмалку четири министри, заменици министри и секогаш е присутен премиерот, на сите економско-социјални совети, што не било случај претходно, потенцира заменик-министерот.

Тој информира и дека институциите се во постојана комуникација со маркетите, трговците, доставувачите, производителите и увозниците.

-Имаме редовни средби. Кога ќе биде наредната, кога ќе имаме анализа од комплетните податоци, истакна Ристески кој денеска учествуваше на работен состанок во Стопанската комора за мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ – подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“.