Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Утврден дневниот ред на 111. собраниска седница, во тек прашања од пратениците од опозицијата

Собранието го изгласа дневниот ред на 111.седница по што започна поставувањето пратенички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието го изгласа дневниот ред на 111.седница по што започна поставувањето пратенички прашања до премиерот и министрите од страна на пратниците од опозицијата.

Претходно, дневниот ред на седницата беше дополнет со предлог-закони за изменување и дополнување на законите за студентски стандард, за супервизија на осигурување, за автокампови и за енергетика по скратена постапка.

Пратениците од опозицијата реагираа, бидејќи, како што кажаа, текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на законот за автокампови по скратена постапка им бил доставен два часа пред почетокот на седницата, а текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на законот за енергетика им бил доставен завчера попладне. 

Реклама

Не помина предлогот од пратениците од ДУИ Предлог-законот за соодветна и правична застапеност да се симне од дневниот ред.