Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово

Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре, 21.07.2026 година (вторник) по трет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре, 21.07.2026 година (вторник) по трет пат, ќе се изврши терестичка дезинсекција (против возрасна форма на комарци) Третманот како што соопштуваат ќе започне на полноќ, и ќе се одвива до раните утрински часови.

Со третманот ќе бидат опфатени повеќе локации, почнувајќи од течение на реката Кумановка од Кумановска бања, преку село Проевце, месност наречена „Бејтови ниви“, по должината на кејот на река Кумановка, површини под бавчи од другата страна на реката, по должината на булеварот „Октомвриска револуција“, на површините околу градскиот парк и улицата „Никола Тесла“, покрај реката во реонот на ООУ „Толи Зордумис“, во „Диво Насеље“, по текот на реката во село Романовце, градски гробишта, „Зелен рид“, по должина на булеварот „Трета МУБ“ и улицата 1″1 Октомври“, со посебен акцент на ЈЗУ општа болница – Куманово, низ централното градско подрачје, по текот на Серава, населбата „Перо Чичо“ и други локации низ градот.

-Во процесот на терестичката дезинсекција ќе се користи препаратот „ЦИТРОЛ УЛВ“-информираа од општината.

Реклама

Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен до првиот нареден ден, кога временските услови ќе дозволат да се реализираат планираните активности. Општина Куманово за услуги кои се извршуваат неколку пати во годината, за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари од општинскиот буџет оддели над еден милион денари (1.112.400,16). Куманово преку друг тендер избра компанија и авионска деизинскеција а за што одвои над 1, 5 милиони денари од буџетот (1.569.376,40)