Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Тошковски, Јанев и генералниот секретар на Интерпол, Уркиза: Меѓународната полициска соработка е клучен одговор на современите безбедносни предизвици

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и директорот на Бирото за јавна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска во Министерството за внатрешни работи остварија официјални средби со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на земјата – соопшти МВР.

На средбите, како што се наведува во соопштението, било разговарано за понатамошно унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, за јакнење на оперативната координација, размената на информации, развојот на професионалните капацитети и заедничкото справување со организираниот и транснационалниот криминал, киберкриминалот, тероризмот, трговијата со луѓе, илегалната миграција и финансиските истраги.

Во рамките на разговорите била потврдена и важноста од континуирано инвестирање во современи полициски капацитети, примена на нови технологии и натамошно продлабочување на партнерството со Интерпол како еден од клучните предуслови за ефикасен одговор на современите безбедносни закани.

Реклама

Министерот за внатрешни работи Тошковски истакнал дека посетата на генералниот секретар Уркиза претставува силна потврда за довербата што македонската полиција ја ужива во рамките на најголемата меѓународна полициска организација.

– Разговаравме за унапредувањето на нашата соработка во борбата против организираниот и транснационалниот криминал, киберкриминалот, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и финансиските истраги, како и за понатамошното јакнење на размената на информации и оперативната координација. Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција затоа што само преку силни партнерства, меѓусебна доверба и заедничко дејствување можеме успешно да се справиме со современите безбедносни предизвици и да обезбедиме поголема сигурност за сите наши граѓани – истакнал Тошковски.

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, ја поздравил активната улога на македонската полиција во меѓународните операции и ја истакнл важноста на партнерството со Македонија.

– Интерпол високо ја цени активната вклученост на македонската полиција во нашите глобални операции и иницијативи. Современите закани бараат меѓународен одговор, а Македонија е доверлив партнер, кој покажува професионалност, посветеност и подготвеност да придонесе во заедничката борба против транснационалниот криминал. Ќе продолжиме заедно да ги јакнеме капацитетите, да ја унапредуваме размената на информации и да инвестираме во новите генерации полициски професионалци – нагласил генералниот секретар Уркиза.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев нагласил дека посетата на генералниот секретар на Интерпол претставува признание за професионалноста и кредибилитетот на македонската полиција и потврда за успешната меѓународна соработка што Министерството ја развива во изминатиот период.

– Во рамките на посетата ја претставивме нашата визија за развој на современа, професионална и одговорна полиција, подготвена да одговори на сè покомплексните безбедносни предизвици на денешницата. Особено значајно е што македонската полиција има свои претставници во структурите на Интерпол, а нашето Национално централно биро Интерпол – Скопје секојдневно дава значаен придонес во меѓународната размена на информации и заедничките оперативни активности. Силните партнерства, меѓусебната доверба и заедничката посветеност остануваат најцврстата основа за градење побезбедна иднина за сите наши граѓани – изјавил Јанев.

Во текот на официјалната посета министерот Тошковски и генералниот секретар Уркиза претходно ја посетија Полициската академија во Идризово, каде што се запознаа со процесот на образование и обука на идните полициски службеници и разговараа за натамошно унапредување на соработката во областа на полициската едукација.

Во рамките на програмата генералниот секретар на Интерпол остварил средба и со службениците од Националното централно биро Интерпол – Скопје, го посетил Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи, каде што се запознал со форензичките капацитети на Министерството, а во кругот на МВР положил свежо цвеќе пред спомен-обележјето во чест на загинатите полициски службеници оддавајќи почит на нивната жртва и служба во заштита на безбедноста на граѓаните.