Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Топлотниот бран „Омега“ ја прегреа Европа

Пеколни температури, Западна Европа се соочува со топлотен бран незапамтен во последните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пеколни температури, Западна Европа се соочува со топлотен бран незапамтен во последните години. Температурите во повеќе држави рушат рекорди, а последиците веќе се чувствуаат во Франција и Шпанија со регистрирани жртви. Илјадници лица побарале медицинска помош поради топлотен удар и дехидратација, беа затворени стотици училишта, а во повеќето држави е зголемен и ризикот од шумски  пожари.

Во Франција се пријавени најмалку 48 смртни случаи, се удавиле откако панично скокнале да се разладат во реките и езерата низ земјата.  Топлоптниот бран влијае и врз економијата – нуклеарни централи го намалија своето производство за околу 7% поради недостаток на доволно ладна вода за ладење на реакторите, јавниот превоз е ограничен и се откажуваат спортски настани на отворено.

„Пеколно жешко е, но за среќа воПариз обезбедуваат бесплатна вода, застануваме на секоја фонтана за да се освежиме.“, вели граѓанин.

Реклама

„Глобалното затоплување навистина загрижува, ја загрижува иднината на цела Европа.“, изјави граѓанин.

„Останете во затворено каде што е поладно, седете под сенка и пијте многу вода. Тоа помага.“, советува граѓанин.

Метеоролозите предупредуваат дека високите температури во наредните денови ќе се прошират и кон источниот дел на континетот и нагласуваат дека главната причина е глобалното затоплување. Според нив, Европа се затоплува побрзо од кој било друг континент, со тоа што топлотната купола го задржува врелиот воздух, додека климатските промени доплонително ги зголемуваат температурите и ги прават ваквите топлотни бранови почести и поинтензивни. И Балканот е на удар. Под влијание на жешката воздушна маса од Африка, високите температури ќе ја зафатат и Македонија. Во наредните денови се очекуваат температури до 39 степени, поради што се препорачува избегнување престој на сонце од 10 до 17 часот, внесување повеќе течности и посебна грижа за постарите лица, децата и хронично болните.