Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Текстилната индустрија во проблеми- Потребна е нова стратегија

Потребно е преструктуирање во текстилната индустрија за вешто се ублажи ударот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребно е преструктуирање во текстилната индустрија за вешто се ублажи ударот од економската криза. Наместо кон производство треба да се размислува во насока на  создавање на сопствени брендови кои ќе понудат дизајн и квалитет. Според нив ова е еден од начините за да се зачуваат работните места

  „Мислам дека бројот на работници и понатаму ќе паѓа. Но, од друга страна текстилните компании ќе мора да размислуваат за свој брендови, за свој фул-пекич производство кадешто додатната вредност ќе биде повисока, а со тоа и средствата што ќе ги добиваат од надвор„-вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Во државата, сепак има текстилни, односно модни брендови кои ги освојуваат и регионалните пазари. Нивното искуство говори дека патот до брендирање е тежок, но возможен.

Реклама

  „За разлика од другите компании не зависиме толку од странскиот купувач, нарачател. Имаме свое производство, своја колекција, извозно-орјентирана компанија  којашто своите капацитети , односно околу 80% ги  покрива со своето производство„-изјави Симона Санева.

„Нашето учество во крајната малопродажна цена на текстилот производ, мора да порасне. Не може ние да го правиме производот, а да учествуваме со 2,3% од вкупната продажна цена. Не може са печалат само трговците . Ова се случува и со цените на храната, не може само трговците, мора и производителите да добијат повеќе„-изјави Ангел Димитров од Организација на потрошувачи.

Дека создавањето на брендови е иднината на овој сектор, го делат и останатите менаџери во оваа гранка.За преструктуирање на компанијата  потребни се сериозни финансиски средства кои во време на  криза тешко  би можеле да се издвојат.

  „Колку што јас сум инволвиран, а често посетувам  саеми , за да создадете сопствен бренд треба да имате многу знаење, но и многу пари. Треба ударна реклама и на крајот од се најважен е квалитетот. Без квалитет се ни е џабе„-вели Венцо Филипов, конфекционер.

Освен државна поддржка за формирање на брендови, потребен е и квалификуван работен кадар, проблем со кои се почесто се среќаваат штипските конфекционери. Корона кризата силно го погоди овој сектор. Поради намалените порачки од странство и затворените пазари, околу 7000 работници останаа без работа.

Александра Ристеска