Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

Ветуваа брда и долини кога го сместија на најжешкото столче во Организиран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ветуваа брда и долини кога го сместија на најжешкото столче во Организиран криминал, а испорача само институционален молк, истраги што тапкаат во место и пријави што фаќаат прашина во фиоки. Ислам Абази, во период од 4 години не успеа да заврши ниту една истрага против ниту еден функционер на ДУИ, иако беа вмешани во многу коруптивни скандали. Дојде како тотален анонимус од гостиварското обвинителско подрачје, а за кратко се прослави во јавноста со безброј слики од родното Зајас и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Неговиот наследник ќе се бира на 28 октомври.

Во низата случаи за кои обвинителите на Абази не направија ништо, последен е скандалот со аферата на набавка на токсичен мазут за потребите на ТЕЦ Неготино и РЕК Битола. Случај во кои беа инволвирани компании поврзани со политички структури на ДУИ, а станува збор за тендери тешки над 160 милиони евра. Обвинителството под раководство на Ислам Абази ја запре истрагата со образложение дека нема докази за залоупотреби и ја затвори една од најголемите енергетски афери во земјава .

„Од доказите произлегува дека мазутот бил навремено и континуирано испорачуван, без да се доведе во прашање производството на електрична енергија. Во овој период, немало рестрикции во снабдувањето со струја, а ТЕЦ Неготино придонел за пониски цени од пазарните“, посочуваат од Обвинителството, информираа од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Реклама

Ниту за скандалот со трговскиот центар Соравиа, Абази не направи ништо. Случајот е одлетото 2023 откако 25-годишниот внук на Али Ахмети стекна 39% од бизнис-центарот во Скопје без сопствен вложен капитал. Антикорупциска и Финансиската полиција испратија документација за можни финансиски малверзации и перење пари. Под раководство на Абази, Обвинителството уште го држи случајот во фаза на предистрага.

И екс министерот и функционер на ДУИ Бујар Османи доби закрила од Абази за случајот Еуровиа и адаптацијата на салата Борис Трајковски за Самитот на ОБСЕ. Тогапшниот министер Османи им додели тендер од 1,8 милиони евра на ЕУРОВИА, чиј соспственик е главен донатор на ДУИ за адаптација на салата. Јавноста жестоко реагираше и бараше да се провери можен судир на интереси и фаворизирање, но ништо од тоа.

И струшкиот градоначник од ДУИ Рамиз Мерки помина лесно. Откако Мерко се најде на црната листа на САД, Абази  го гонеше за набавката на луксузното возило „Ауди А6“. Но во Скопје не биле надлежни, па Абази им го испрати предметот во Струга.

Континуитет на системската заштита на ДУИ се преслика и со дивите градби на Матка и во Чаир.