Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Стоилковиќ – Памер: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, била потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување.

Во фокусот на разговорот биле темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите од значење за локалниот развој и јакнењето на капацитетите на локалната самоуправа.

Реклама

На средбата бил презентиран и проектот за развој на пожарникарството, при што била потенцирана важноста од поддршка за неговата имплементација, особено во насока на унапредување на капацитетите на пожарникарските служби во рамките на локалните самоуправи и размена на искуства и добри практики.

Министерот Стоилковиќ ја истакнал важноста на поддршката што Австрија континуирано ја дава на европската перспектива на Македонија и на земјите од Западен Балкан, оценувајќи дека размената на искуства и добри практики може дополнително да придонесе кон унапредување на работата на локалната самоуправа.

Стоилковиќ – Памер изразиле подготвеност за продолжување на отворениот дијалог и за идентификување нови можности за конкретна соработка во интерес на граѓаните и локалните заедници.