Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

ДИК донесе повеќе одлуки за организација на предвремените избори за градоначалник на Брвеница

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе повеќе одлуки и акти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе повеќе одлуки и акти поврзани со подготовката и спроведувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

Комисијата едногласно го усвои Упатството за спроведување јавен увид во Избирачкиот список, со кое се уредуваат начинот, условите и постапката за проверка и ажурирање на избирачките податоци. 

Образложувајќи ја точката за јавниот увид во Избирачкиот список, членот на Комисијата Борис Кондарко, истакна дека со упатството се уредуваат начинот, условите и постапката за спроведување на увидот, како и остварувањето и заштитата на избирачкото право на граѓаните на Општина Брвеница.

Реклама

Тој појасни дека јавниот увид ќе трае од 22 август до 10 септември и ќе се спроведува во Подрачното одделение на ДИК во Тетово, секој ден од 8 до 20 часот, вклучително и за време на викенди и празници, додека на последниот ден ќе трае до полноќ.

На седницата беше усвоена и одлука за утврдување на изгледот и колоритот на идентификациските беџови што ќе ги користат изборните органи, ИТ-персоналот, овластените претставници на учесниците во изборната постапка, како и домашните и странските набљудувачи.

Членовите на Комисијата едногласно ја одобрија и одлуката за дополнување на веќе формираните помошни тела за организирање на изборниот процес. Со одлуката се предвидува ангажирање дополнително лице за постапките за јавни набавки и уште пет лица од ИТ-секторот, кои ќе бидат задолжени за оперативно-техничка поддршка на изборите и подготовка на електронската опрема за сите 24 избирачки места во општината.

ДИК го усвои и Кодексот за набљудување на изборите и изборната постапка, со кој се утврдуваат правилата и процедурите за работа на акредитираните домашни и странски набљудувачи. 

Според Кодексот, набљудувачите мора да бидат непристрасни, да поседуваат соодветни овластувања и своите извештаи да ги темелат исклучиво на потврдени факти, додека строго се забранува политичко влијание, поддршка на кандидати или носење партиски обележја.

Во рамки на седницата беше усвоен и регистарот на медиуми што ќе можат да вршат платено политичко рекламирање во изборната кампања. Членката на ДИК, Светлана Карапетрова, информираше дека во регистарот се впишани телевизиите „Коха“ и „Глоби“, трите радиостаници „Плус Форте“, „Кис Тетово“ и „Блета Тетово“, како и 16 интернет портали.

Сите одлуки поврзани со подготовката на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница беа усвоени едногласно од членовите на Државната изборна комисија.