Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Шангајската листа повторно без македонски универзитет. За надлежните, очекувано, затоа што сеуште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шангајската листа повторно без македонски универзитет. За надлежните, очекувано, затоа што сеуште не е дојдено до решението, кое е содржано во трите закони за високото образование кои се уште се во собраниска процедура. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, очекува со нив значително да се подигне квалитетот на високото образование, а Македонија да напредува и на меѓународните ранг листи.

Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони, да има некакво драстично придвижување на Шангајската листа. Трите закони, кои во моментот се во собраниска процедура, очекуваме во еден догледен период значајно да го поткренат квалитетот во високото образование, но и да ги отворат другите индикатори што ги користат не само Шангајската, туку и друггите листи за рангирање, за да можеме да се придвижиме на тие листи“ – изјави Јаневска.

Јаневска упати и јасна порака до политичарите „рацете на политиката подалеку од образованието“. Според неа, мешањето на политиката и ширењето на несоодветни информации заради политички поени, нанесуваат штета на целиот образовен систем, а последиците ќе ги почуствува сечие дете.

Реклама

Парламентот е местото каде што ќе се соочиме со сите аргументи. Ако постојат забелешки на одредени законски одредби, таму ќе се разговара за нив. Но уште еднаш ќе повторам, рацете на политиката подалеку од образованието. Нашите млади заслужуваат квалитетно образование, а со донесувањето на овие закони ќе го подигнеме квалитетот на високото образование, што е директно поврзано и со меѓународните рангирања на универзитетите“ – истакна министерката. 

Со законите за високо образование, за квалитетот на високото образование и за научно истражувачка дејност се предлага нов модел на финансирање на универзитетите, построги критериуми за избор на професори, новб систем за акредитација и евалуација и финансирање на научни проекти. Целта е повисок квалитет и поголема конкурентност на универзитетите. Законите веќе неколку месеци се во собраниска процедура бидејќи од ДУИ бараат бадентерово мнозинство, и дополнително, според опозицијата, построгите критериуми биле тешко применливи и со нив ќе се нарушела автономијата на универзитетите.