Реклама

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Во релативно краток период, Македонија стана сведок на сè погрозоморни и морбидни убиства

Кој останува, а кој заминува – вечерва по 20 часот ќе се знаат имињата на новите министри во Владата

Нови авиолинии, 6 нови автопати, обнова на железницата: Македонија станува нова раскрсница на Балканот

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Македонија

Театарската претстава „Кокошка“ на фестивалот „Скопско лето“

Во Едукативниот културен центар – Лабараториум вечер во рамки на 47-мо издание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Едукативниот културен центар – Лабараториум вечер во рамки на 47-мо издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра театарската претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија.

Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Toме Станковски и Кристина Гиева.

Костимограф е Maрија Пупучевска, соработник за сценски движења Дарко Велиќ, изборот на сценографија и музика е на Teoдора Силјаноска, додека дизајнер на плакатот е Михаил Велески. Фотографиите се на Луција Спасовска.

Реклама

-„Кокошка“ се занимава со копнежот по слобода, љубов и соништа во свет што станува сѐ постуден и апатичен. Низ апсурд, импровизација и баналност, ликовите создаваат жив театарски чин како начин да се справат со сопствениот внатрешен хаос и извитоперените вредности што ги опкружуваат. Налик на џезери, импровизатори, аматери и големи професионалци тие играат против непредвидливото и тешко изговорливото. Во срцето на претставата е младоста, која како бесна глиста вража и ги буди заспаните копнежи за нешто поубаво. „Кокошката“  е немирна, искрена и гладна за промена, судрена со стравот, рамнодушноста и затворениот систем – информираат од Дирекцијата за култура и уметност.

Театар Вортекс (Скопје, Северна Македонија) е независен театарски колектив посветен на современата изведувачка уметност, интердисциплинарната соработка и општествено ангажираната уметничка експресија. Kолективот обединува млади театарски уметници кои истражуваат физички театар, поетска драматургија и експериментален сценски јазик, преку авторски продукции, работилници и меѓународни соработки.