Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Судијката Мери Дика Георгиевска ги започна работните обврски во Уставниот суд

Уставниот суд соопштува дека судијката Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд соопштува дека судијката Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Судот.

– Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој  ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и  вработените во стручната служба – стои во соопштението од Уставен суд.

Оттаму дополнуваат дека на Георгиевска ѝ се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. 

Реклама

– Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител – дополнуваат од Судот.

Собранието вчера во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Таа е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирала во 1985 година, а магистерските студии по правни науки ги завршила на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје во 2014 година.

Правосудниот испит го положила во 1987 година. Кариерата ја започнала како адвокатски приправник и стручен соработник, а потоа работела како адвокат во сопствена канцеларија. Од 1996 до 2005 година беше судија во Основниот суд Скопје II, а потоа продолжи како судија во Апелациониот суд Скопје. Од 2012 до 2018 година беше член на Судскиот совет, по што се врати во Апелациониот суд. Во 2023 година беше избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје. Во својата кариера била претседател на стопанските оддели во Основниот и во Апелациониот суд, а говори и англиски јазик.

Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.