Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Стојаноски: Ребалансот на буџетот обезбедува повеќе средства за локален развој, подобра инфраструктура и почиста животна средина

Вториот клучен столб на ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вториот клучен столб на ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата, што секојдневно им е потребна на луѓето. Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина – истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Затоа капиталните расходи со ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. Капиталните дотации до општините се зголемуваат за приближно 1 милијарда 683 милиони денари.

Министерството за животна средина добива дополнителни 2 милијарди 412 милиони денари, што е зголемување од над 54 проценти. Ова е најголемото ресорско зголемување и јасен сигнал дека проектите за отпад, отпадни води, намалување на загадувањето и еколошка инфраструктура не остануваат само декларативна заложба.

Реклама

Министерството за транспорт добива дополнителни 1 милијарда и 806 милиони денари. Во рамките на развојните проекти средствата за железничката инфраструктура растат за речиси 743 милиони денари, а за инфраструктурни проекти во општините за приближно 665 милиони денари.

Средствата за живеалишта и развој на заедниците се зголемуваат за 1,1 милијарда денари. Тоа значи повеќе простор за водоснабдување, комунална инфраструктура и подобри услови за живеење во локалните средини.

Ова е важна промена во пристапот. Централниот буџет не смее да биде само сметка од која се финансира администрацијата. Тој мора да биде двигател на локалниот развој. Секоја инвестиција на општините значи работа за домашните компании, ангажман за работниците, поголема економска активност и подобра услуга за граѓаните.

Добро изградената инфраструктура не е трошок. Таа е предуслов за нови инвестиции, побрз транспорт и повисок квалитет на живот. Ребалансот затоа не е список на апстрактни ставки. Тој е финансиска основа за проекти што треба да се видат на терен.

Нашата обврска е средствата да се реализираат навремено, транспарентно и со мерлив резултат. Граѓаните со право очекуваат секој денар да се претвори во конкретна вредност.