Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Стопанската комора со жестоки критики за владините политики

Наместо да ги користат службените возила за приватни цели и на тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да ги користат службените возила за приватни цели и на тоа да се трошат огромни суми државни пари , власта да ги даде за да ја живне економијата . Владините функционери  мора да почнат да штедат и да престаат да злоупотребуваат. Претседатерлот на стопанската комора Бранко Азески со остри критики кон  Владата која вели мора да преземе одговорност . Азески од месечното обраќање на тема „Извоз, извоз, извоз“ порача дека Македонија цело време е во кампања и никој не се занимава со важните и реални проблеми , а лошите економски политики ја билдаат сивата економија.

Да се воведат посебни таблици за службените возила. Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалерај и не знам каде за недозволени активности. Ќе заштедите и тие пари ќе ги дадете за извоз. Пари ќе се заштедат и со укинување на сите управни одбори во државните претпријатија, државни органи, заводи, институции, агенции кои во моментов се 1 320 институции со 129 000 врабтени, наместо политика да се направи економска дипломатија, порача Азески

Според него за да се стимулира . За да се стимулира извозот мора да се обезбедат буџетски пари и директно да се дистрибуираат до домашните компании , а не само да се чекаат донации и кредити од странски банки . Наместо домашна одговорност, секогаш кога ќе има некаков проблем некој од страна треба да дојде и да го реши

Реклама

–Постои тешка фрустрација дека не сме способни сами да си ги решаваме прашањата, туку чекаме некој од надвор да дојде и да ни ги реши. Не можеме сами да поднесеме иницијатива. Досега има 74 иницијативи за регулирање на односите на Балканот, а ниту една не е наша. Државата се наоѓа во конфорна зона и ако им  кажеш дека може да падне атомска бомба нема да ги погоди, додаде Азески.

Бизнисот реагира и дека немаме методологија која ќе го мери економскиот раст и се кажуваат нереални пресметки дека економијата расте позитивно .  Просечниот раст на извозот е 1.7 проценти месечно , за да се крене стапката мора да се пробудат и корективите на власта, а државата да ги тргне рацете од приватниот сектор . Експертите реагираат дека кај нас најголемиот проблем е што повеќе увезуваме од што извезуваме, а расте трговскиот  дефицит

-Причината е што во најголем дел од извозот е со мала додадена вреност. Трговскиот дефицит е главен фактор за бавната динамика на економијата.Треба да влијаеме на создавање на поголема додадена вредност за да имаме и поголем извоз, вели професор Дарко Лазаров.

Експертите реагираат и дека Македонија е земја која под концесија ги дала своите природни ресурси , и веќе не останало ништо што да се распроде .

Кристина Алексиеска