Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Стопанската комора контра владините мерки – затворањето на маркетите не е решение

Затворањето на маркети е престрога, драконска  мерка која предизвикува штети , реагираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затворањето на маркети е престрога, драконска  мерка која предизвикува штети , реагираат од Стопанската комора .  Извршниот директор Антони Пешев вели дека маркетите немале доволно време да се подготват за намалување на цените , бидејќи станувало збор за околу 1.200 артикли.  Во текот на договарањето со компаниите за поевтинување на производите, Владата ветила  дека ќе им каже на време кој датум ќе го даде како репер , но на крајот трговците за датумот дознале  од медиумите . Пешев го дементираше Бектеши дека 90 отсто од мерките се предлог на стопанската комора .

Учествував на двата состанока во Министерството, и со големите ланци на супермаркети и со дистрибутерите. Искажана беше подготвеност да се поддржи иницијативата за намалување за десет отсто на таа класа производи која беше важна за Министертсвото. Веројатно постојат некои пропусти, но во директна комуникација со министерот, а се надевам и денеска ќе имаме директни комуникации по координативниот состанок со ланците супермаркети, ќе се обидеме проблемот да го сведеме на некакво логично време кое ќе им се даде на маркетите да се прилагодат на мерката. Мислам дека никој тоа не го направил намерно и не треба да се злоупотреби. Иако се зборува за 75 класи артикли, цената требаше да им се смени на 1 200, вели Антони Пешев , Извршен директор на Стопанска комора

Реклама

Министерот за економија пак тврди дека трговците имале рок од 10 дена да ги намалат цените, а логично бил пазарна да прави контроли во најголемите ланци на маркети . Според Бектеши членовите на Стопанската комора имале контрадикторни ставови, тој тврди дека го послушал првиот човек на комората :

Имаа рок од десетина дена да ги направат измените. Имав состаноци со нив. Јас имам одлична соработка со Стопанската комора, го слушав претседателот Бранко Азески кој порача да постапуваат инспекторатите на терен. Го почитуваме тоа како порака и еве ние му ја исполнивме желбата, ќе се почитуваат законските одредби за казнување и затворање на одредени компании кои работеле спротивно на законските одредби, изјави Министерот за економија Крешник Бектеши .

Во текот на викендот бea извршени инспекциски надзори при што се констатирани прекршоци во делот на законот за трговија и законот за потрошувачи, по што на дел од ланците на маркети ДПИ одлучи да стави клуч на врата .  Според директорот , петдневно затворање ќе било доволно за да ги решат аномалиите .

Инаку, 9-тиот пакет антикризни мерки ќе биде донесен најверојатно во ноември , со оглед на најавата од Премиерот дека наредниот месец ќе го посветеле на анализи . На утрешната Владина седница пак, треба да бидат донесени мерки за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци .

Кристина Алексиеска